Извадоци и статии од

печатени медиуми


Изложба за мир

19. Септември, 2006 ; превземено од www.nvoinfocentar.org.mk


Во рамките на глобалните активности по повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, невладината организација „Арс Студио“ ќе организира ликовна и стрип изложба на дела од македонски и странски автори. Изложбата ќе биде отворена во четврток, 21 септември, во 20 часот, во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Во рамките на глобалните активности по повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, невладината организација „Арс Студио“ ќе организира ликовна и стрип изложба на дела од македонски и странски автори. Изложбата ќе биде отворена во четврток, 21 септември, во 20 часот, во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

На изложбата ќе учествуваат 12 домашни уметници и група стрип уметници од Северна Англија. Најавените учесници од Индија не успејаа да пристигнат поради проблеми со визите. Покрај Индија, одреден интерес за соработка покажале и организации од повеќе африкански држави и од Бразил.

„Во светот постои реален скептицизам дали некогаш мирот ќе стане реалност. Пораката што овој настан ја испраќа е дека треба да и се даде глас на личноста, кој има влијание и моќ во решавањето на проблемите“, рече Ирена Гапковска од Арт Студио.

Сепак, во Арт Студио веруваат дека скепсата и пасивниот песимизам може да се надмине со довоно ентузијазам и верба во идеалите дека светскиот мир е можен.

Изложбата е поддржана од ИМАФ – Меѓународната фондација за музика и уметност од Лихтенштајн, како и од неколку филантропски настроени личности кои со своето залагање помогаат и во остварување на други активности и цели на организацијата.

Арт Студио учествува во годинешното одбележување на Денот на мирот по покана од Џереми Гили од организацијата Peace One Day од Лондон, иницијатор на Резолуцијата 282 на Генералното Собрание на ООН со која се воспоставува 21 септември како меѓународен ден на глобален прекин на огнот и насилството.

 


АртСтудио од Македонија претставува искра на надеж

27 Септември 2006; превземено од www.prweb.com

Дванаесет Македонски автори и група на стрип уметници од Северна Aнглија Jag Lall <http://www.geocities.com/lall_jag/door.html> ги изложија своите дела на 21 Септмеври како дел од глобалниот настан посветен на Мирот. Овој настан е официјално признаен од Обединетите Нации како ден на мирот и прекин на огнот од 2001 на иницијатива на Џереми Гилеј www.peaceoneday.org
Aктивностите на
НВО Aрт Студио беа глобално забележани како дел од започнувањето на глобалниот проект наречен Културна Фузија
(comfusion.pwiki.com). Целиот настан е документиран кој воедно е испратен до Обединетите Нации во Лондон како Македонско официјално учество во движењето за мирот во светот, ширење на демократијата, свеста за човековите права и решавање на конфликтите преку културни настани и активното учество на младите луѓе.
Изложбата започна во 20 часот во изложбениот салон на Универзитетската Библиотека Св. Климент Охридски. На настанот беше проектиран документарниот филм на Џереми Гилеј основачот на Денот на Мирот.
На изложба посветена на уметноста и препородбата на културата на мирот почесна реч имаше нашиот министер за странски инвенстиции господинот
Глигор Ташковиќ кој на македонски јазик им се обрати на присутните со зборовите : Македонија и нејзиното сведоштво за Мирот на Балканот.
На изложбата беа присутни 300 посетители, а меѓу почесните гости беше и нашиот
митрополит господин Кирил Полошко Кумановски.


Учесници на изложбата:
Петар Беслач, Милош Спасич, Горјан Стојчев, Ивана Костадиновска, Моника Ризовска, Мартин Панев, Кристина Николовска, Маја Дџепова, Јорданчо Кицовски, Ивана Младенова, Aнгела Мицевска, Наташа Лјубиновска и Џаг Лал од Aнглија.
 


Интервју за Неделно Време
Уметноста и нејзината сила во промените на цивилното опшество
ПОСТОЈAНA БОРБA

УВОД:
Денот започнува со секојдневните предизвици на неизвесноста која е дел од мозаикот кој го составуваме секоја година. Уметноста го менува стилот на живеењето, начинот на гледањето на реалноста, ги отвара сензиблитетите и го става човекот во една постојана борба. Значи не станува збор за секојдневна работна рутина, туку за секојдневно ново откривање и сознание како и соочување со порази и успеси. Денот започнува попладне а завршува до доцните ноќни (раните утрински сати). Профилот на мојата работа во атељето-работилницата изискува попладневна смена.


Четврток 6.04 2006 16-21 часот
Се спремаме за новата задача, смислуваме тема за работа, ги пронаоѓаме проблематиките за решавање. Со секој член во НВО Aрт Студио се работи инвидуално. Некој се спрема за приемен испит, некој ја изучува уметноста за свое лично пронаоѓање, некој бара стил и определба во графиката, сликарството, портретите, ракотворби итн. Во четврток по некоја коинциденција атељето е со неколку члена кои се решени секојдневно да работат, а останатите ги исполнуваат своите обврски, Се довршуваат недовршени цртежи. Остатокот од вечерта е посветен на контактирање со подржувачите на проектот низ целиот свет преку интернет. Пополнување формулари, апликации, дискусии, блогирање на трибини исл. Потоа малку време за уметноста..


Петок 7.04 2006 16-21 часот

Работа со членовите во НВО Aрт Студио
Викендот не е започнат, напротив. Се работи со полна пареа, сите членови доаѓаат и работат до покасно. Се поставуваат задачи за викендот, кои во понеделник треба да бидат готови. Се дискутира се разменуваат идеи се менуваат ставови. Во текот на часовите понекогаш работам и на своја слика, додека другите се трудат да совладаат некоја тема. Но секогаш во секој цртеж имам удел, и тоа колку е понесигурен кандидатот толку повеќе, се до моментот на осамосталувањето.


Сабота 7.04 2006
Време кога се прави резиме се смислуваат нови чекори, се состанувам неофицијалносо некои други организации за соработка, се смислува проект. Сликање, на своите слики кои треба да бидат изложени надвор од земјата. Пополнување на масивните апликации кои не биле довршени. Пребарување на интернет за можни фондации.

 
Недела 8.04 2006
Ден посветен на воскресението, ден за одмор, но... Секојдневни рутини, рекреација, спорт, фамилијарни средби, филм, книга..и се разбира сликање, после интернет. Но секогаш е присутна тензијата на тоа како да се изнајде начин проектот да биде етаблиран, одржан, финасиски ретроспективи.
Одмор практично нема, затоа што во оваа работа сите обврски и грижи се во твои раце,


Понеделник 9.04 2006 16-21 часот

Работа со членовите во НВО Aрт Студио
Јазикот на формите и боите Сликарска композиција: форма и боја. Понеделникот е создаден за нов почеток, главен и најделикатен предизвик е инспирацијата. Барањето на инспирација е момент кој изнудува еден сосема друг интелектуален напор. Скици, идеи...


Вторник 10 04. 200616-21 часот

Работа со членовите во НВО Aрт Студио
Би било преурането да се претедндира дека ќе нема никогаш фиксирани правила во сликарството, или дека таквите принципи нема да доведат до академизам. Изучување на правила, перспективата, композицијата на зададеното отпочнато дело. Создавање на нови критериуми и отварање на нови гледишта кон реалноста. Во секој случај уметноста ја заштитува душата од вулгарното (нашето секојдневие е нешто сосема надвор од секоја естетика како морална така и визуелна). Потребата за естетика ја облагородува свеста кај младиот човек отфрлен од опшеството оставен на маргините, препуштен на стихијата, со манипулирана свест, медуимска жртва на насислство и нехуманост.


Среда 11.04 2006 16-21 часот

Работа со кандидати во НВО Aрт Студио
Осврт кон портрет по жив модел. Ден кога атељето е еуфорично, полно со движења и работна атмосфера со заеднички дух. Скоро сите работат на иста тема. Чувство за заедништво, соживот, еднаквост, хуманост, толеранција..сето ова најубаво се станува една голема припрема за едно развиено, толерантно опшество во кое сите се стремаат да совладаат заеднички проблеми, и создадат подобра иднина. Работата на оваа тема не е само сликарски предизвик, тоа е можност за да се изедначат разликите да се оформат личностите. Борбата продолжува. Идеата треба да ја слушне светот. Светот не слуша и не подржува, меѓу еден од нашите големи светски подржувачи е господинот Глигор Ташковиќ од Нју Јорк УСA. Имаме челенови од Мексико, Индија, Европа. Со нив разменуваме мисли искуства и смислсуваме заеднички проект кој би добил и подршка. Не не остава ентузијазмот има и други луѓе кои не подржуваат , светот е нашето поле, тука никој нема ни време, ни подршка за нас.


Четврток 12.04 2006 16-21 часот

Работа со членови во НВО Aрт Студио
Да се фрли светлина во длабочините на човечкот срце, тоа е вокацијата на уметникот- Светлината е во спознавањето на креативноста, инвидуалноста како битни клетки од човештвото. Секое дело е придонес кон глобалните наследства. Осврт кон нашата традиционална уметност, иконите, како нешто единствено и полно со историја која треба да се сподели со светот.
За жал кај нас луѓето кои би можеле нешто да кажат не велат ништо, а оние кои можеле нешто да слушнат не слушаат ништо..Целта е да се смени тоа, да се создаде едно интерактивно урбано движење, каде младите луѓе ке можат да кажат нешто и некој да го слушне тоа. Цивилното опшество се менува токму преку живи секојдневи проекти кои секојдневно се борат со предизвик. Секој ден се појавува некој нов кандидат, поминуваат минувачи , граѓаните секој ден се вклучени во овој проект.
 


Спомни уметност - добиваш "корпа"

 

© Вечер Прес, сите права задржани



- Кај нас, не само што постои неразвиеност за каков било вид филантропија, туку постои и еден сосема друг проблем, а тоа е крајната незаинтересираност, игнорантност, како и еден заѕидан монопол во однос на која било грант програма, како на пример од Министерството за култура. Навистина е голем проблем што со ентузијазам, квалитет не можеш да успееш во која било работа, а да не побараш политичка обоеност, поврзаност со олигархијата, или популарно наречено - врски, вели Ирена Гапковска, претседател на НВО Арт Студио


Ирена Гапковска
- Едноставен заклучок е дека работите кај нас функционираат премногу локално, премногу затворено, и пред се во корист на својот интерес, кој никако не може да биде развиен во државен, а уште помалку во национален. Идејата дека општото добро е и лично, уште долго нема да се вметне во свеста на македонскиот човек, или уште попрецизно младиот човек се повеќе и повеќе ја губи концепцијата за својот идентитет."

Ѓурѓина ВАСИЛЕВСКА

НВО Арт Студио - Скопје, од 10 до 14 мај ќе ја претставува Македонија на годишната средба на ЕУнетАРТ (Европска мрежа на уметнички организации на деца и млади луѓе) што ќе се одржи во Цирих, Швајцарија. Станува збор за една мултидисциплинарна мрежа на околу 100 организации од околу 28 земји која е поддржана од Европската комисија преку 6-годишната програма "Култура 2000" која има за цел поттикнување на креативноста и комуникацијата меѓу уметниците.
Веќе во јуни ќе биде и преставник од Македонија на семинарот во Полска, каде што се поканети претставници од 12 земји од светот. Ова само како потврда дека активностите на Студиото го привлекоа вниманието на светот, што е и една од неговите есенцијални цели. И веднаш да кажеме - светот е "посилната страна" на НВО Арт Студио, бидејќи станува збор за поддршка од повеќе земји. Дома работите стојат поинаку...

- Зошто е подобар одѕивот кај организациите во странство? Затоа што пред се дејностите од невладиниот сектор кои се занимаваат со цивилното општество, уметноста и едукацијата се на многу повисоко и поразвиено ниво за разлика од кај нас. Кај нас, не само што постои неразвиеност за каков било вид филантропија, туку постои и еден сосема друг проблем, а тоа е крајната незаинтересираност, игнорантност, како и еден заѕидан монопол во однос на која било грант програма, како на пример од Министерството за култура. Навистина е голем проблем што со ентузијазам, квалитет не можеш да успееш во која било работа, а да не побараш политичка обоеност, поврзаност со олигархијата, или популарно наречено - врски. Морам да навестам дека со ваквите услови на игра, можеме да очекуваме многу лоши резултати во иднина. Остваривме контакти и со северноамериканската дијаспора (Њујорк) и добивме голема и искрена поддршка од господинот Глигор Ташковиќ, потпретседател на АМБО, кој наедно е и голем филантроп. Господинот Ташковиќ не подучуваше, ни асистираше и не упатуваше како да го оформиме проектот. Со негова помош Фондацијата ИМАФ од Лихтенштајн ни одобри грант, објаснува основачот и претседател на НВО Арт Студио -Скопје, Ирена Гапковска, дипломиран академски сликар.
Одисејата на Студиото започнала со преиспитување на климата кај нас во однос на ова прашање. Во октомври 2005 ја добиле листата од делегацијата која, предводена од нашиот премиер, престојуваше во Вашинтон и Њујорк. Со препорака од Америка им се отвориле вратите на многу наши познати и етаблирани личности од нашата бизнис елита. Оствариле состаноци на кои го предале својот проект, но... - Импресиите од состаноците се очајно демотивирачки. Не од аспектот дека нема да добиеме финансиска помош-спонзорство, туку од приемот на идејата. Се разбира, ниту очекувавме дека ќе добиеме поддршка или уште помалку парична помош, иако буџетот е скромен. Идејата беше да се испита нашето тло и тоа да се потврди. Со самото кратко почнување на разговорот кога се доаѓа до точката каде што се спомнува зборот уметност, се спушта еден невидлив ѕид, и секое понатамошно излагање е како бледа игра на зборови. Значи, поентата е во тоа што не постои ни обид да се осознае повеќе, за работата и можната афирмација што може да биде многу поефективна од реклама на фирмата. Едноставен заклучок е дека работите кај нас функционираат премногу локално, премногу затворено, и пред се во корист на својот интерес, кој никако не може да биде развиен во државен, а уште помалку во национален. Идејата дека општото добро е и лично, уште долго нема да се вметне во свеста на македонскиот човек, или уште попрецизно младиот човек се повеќе и повеќе ја губи концепцијата за својот идентитет, резимира Гапковска. Добиениот грант од ИМАФ (Меѓународната фондација за музика и уметност, етаблирана со уверување дека, и покрај се, најголемиот влог за идните генерации е - уметноста, н.з.) ги мотивира да не се откажат од својата идеја, токму во името на сите млади луѓе во земјава и во име на некои вредности кои се над личниот интерес. Но, ги фаќа ужас од страшниот факт дека кај нас не постои никаква волја ниту иницијатива... "Некој мора да проба да се смени нешто, и по цена да го изгуби личното во име на општото. Веруваме и тврдиме дека во Македонија има потенцијал, има таленти и има што да му пренесеме на светот. И секако, не сме сами во оваа идеја...", уверена е Гапковска.

Со стил и репутација
- Нашата "проблематика" е дел од секојдневието кое се обидуваме да го промениме во стилот на демократијата и граѓанското општество, вели Гапковска за преокупацијата на Студиото кое постои од 1998.
- Ваквиот тип на независно здружение е широко ценета појава надвор од нашите граници, особено во високоразвиените демократски земји.
НВО Арт Студио започнало да работи со скромна група на млади луѓе, кои ги совладуваа вештините на сликарските техники. Останувајќи доследен на изборот да се створи квалитетна група, бескомпромисни кон комерцијализација на работата, ова ателје се здоби со стил и репутација. Во почетокот сето тоа почна да создава една нова критична маса која подоцна активно се приклучи кон развивањето на уметноста и нејзиното приближување кон секојдневието. Подоцна е отворена работилница специјализирана за изработка на сликарски материјали, како платна, рамки, дрва и даски за икони и сл. Главна цел и стремеж е преку уметноста да се сочуваат инвидуалноста, идентитетот, и да се разбуди креативноста кај младите луѓе изгубени низ лавиринтите на неизвесните секојдневија во нашата земја. Како посебна област на која и се посветува особено внимание во програмата, е Византиската уметност како традиционална форма на изразување низ историјата на овие простори. Тоа е обид да се сочува духовниот израз на древните византиски мајстори, притоа не губејќи ја инвидуалноста на личниот израз на авторот, кој наедно ја осознава нашата богата традиција и историја. Студиото е соработник со Музејот за современа уметност во Скопје.

Почит кон убавината
Секоја година НВО Арт Студио организира групна изложба на членовите со одбрани трудови во различни галерии во Скопје. Во периодот на своето постоење НВО Арт Студио има преку 300 членови, а 50 од нив веќе се професионални уметници кои ја градат својата кариера на ликовните академии во Македонија, Бугарија, Исланд, Данска, Франција, Србија и Црна Гора, САД и т.н. Дел од некои членови студираат на факултети кои се непосредно поврзани со уметноста како историја на уметност со археологија и архитектура. Од годинава, НВО Арт Студио е партнер во мрежата на невладини организации составена од 12 земји во Европа.

"Арс лонга, вита бревис"
"Ние и оддаваме голема почит на убавината на природата и вечните вредности на традиционалната уметност и ги пронаоѓаме скриените чувства во предметите и во појавите", вели Гапковска.
"Веруваме дека со ова уметничко движење ќе се формираат повисоки критериуми на граѓаните кон сопствените културни вредности, ќе се придонесе за едно поурбано живеење, ќе се создадат нови естетски норми што ќе се рефлектира позитивно за сите потенцијални уметници и луѓе со креативен дух. Во рамките на овој проект се вклучени млади луѓе од различно етничко потекло, со што веруваме дека можеме да придонесеме во подобрувањето на толеранцијата и демократијата во нашата земја која се справува со извесни проблеми во интеграцијата во Европа и светот", смета Гапковска.


 


ФУЕРЕ ИЗРАЗИ ПОДДРШКА НА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ФОКУСИРАН НА МЛАДИТЕ И КУЛТУРАТА
 

Скопје, 21 март (МИА) - Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере на денешната прес-конференција на Невладината организација Арт Студио изрази поддршка на граѓанскиот сектор во Македонија и работата со младите и поттикнувањето на уметноста и културата.

Фуере истакна дека улогата на невладиниот сектор за Европската унија е од големо значење, особено оние организации што работат со маргинализираните лица, малцинските групи и слично.

"Колку е посилен невладиниот сектор толку посилно ќе биде самото општество", изјави Фуере.

Во овој контекст, рече Фуере, ја поддржувам и НВО Арт Студио која е фокусирана на културната димензија, која во Македонија е занемарена и под притисок на секојдневните политички прашања.

"Колку е посилен овој сектор толку полесен ќе биде процесот на евроинтеграција", смета Фуере.

Трета причина поради која тој со своето присуство на прес-конференцијата ја искажа поддршката на невладината АРТ Студио, е тоа што таа е единствена која се фокусира на младите и културата.

Претседателката на НВО Арт Студио Ирена Гапковска информираше дека организацијата има најмено простор што се користи како атеље и клуб каде што млади уметници од земјава учат цртање, разменуваат искуства и учебници поврзани со ликовната уметност и воопшто уметноста во целост. Дневно во студиото доаѓаат околу дваесетина млади луѓе, а од 1998 година досега таму поминале над 300 млади луѓе на возраст од 15 до 26-27 години. Нивни ментор е Гапковска, која дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. "Дел од нив се на посдипломски студии во странство, некои го очекуваат. Низ нашето студио поминале многу таленти", изјави Гапковска. Досега АРТ Студио има организирано шест групни изложби, а следната е планирана за во јуни.

"Уметноста е медиум што шири пацифизам и делува глобално. Целта е вртење на младите кон светот. Граѓанското општество во Македонија е во голема криза, културата е на маргините. Младите луѓе во Македонија многу често немаат визија за иднината. Ние им даваме некаква визија, не е важно дали се тие уметници. На Македонија и е потребен здрав систем на вредности", изјави таа на прес-конференцијата.

     
 


Any usage of the materials on this site without approval of NGO Art Studio is strongly prohibited.

Copywright © NGO ArtStudio