|
Новости ! |
|
НВО Aрт Студио
постои од 1999 година и има остварено
8 групни изложби.
Концептот на ова ликовно ателје е да се создаде една неформална арт
"трибина" каде повеќето млади автори имаат можност
за интерактивно креативно творење , создавајќи
еден урбан "мит" за едно движење
кое не само што се фокусира на уметноста како
медиум туку и на самиот живот во амбиентот на
едно турбулентно општество. Посебна Благодарност до Министерството за Култура кое ни излезе во пресрет да се организира овој настан и до Галеријата Мала Станица за отстапување на галерискиот простор и за соработката.
Оваа година Aрт Студио доби помош од ИМAФ за да продолжи со активностите.
Од 21 до 24 Октомври 2007 Ирена Гапковска присуствуваше на конференцијата " Грант Макинг ин Aрт " ( финасирање на програми од областа на културата и уметноста) каде ја престави Македонија и работата на Aрт Студио. Претставник од НГО АртСтудио имаше можност да ја претстави Македонија на UNESCO форумот во Wroclaw, Полска одржан во јули 2007. за повеќе информации посетете ги линковите:
www.unesco.uni.wroc.pl
Во Јануари 2007 на иницијатива на министерот за културата и образованието, високото образование и истражување од Франција како и Францускиот Министер за Култура и Комуникација, во галеријата и музејот Центарот Помиду беше одржан симпозиум за влијанието и вредноста на уметноста и културната едукација во изградбата на едно демократско и напредно општество. НВО Aрт Студио партиципираше како преставник од Македонија.
www.centrepompidou.fr/symposium.educart.paris2007/ Групна изложба за Денот на Мирот На 21 Септември 2006 НВО Aрт Студио ја отвори групната изложба на младите македонски и странски автори за Денот на мирот како настан со кој Македонија официјално е учесник во мировните иницијативи при Обединетите Нации. Свеченото отварање на Изложбата се одржа во 20 часот во изложбениот салон на Универзитетската библиотека Св Климент Охридски Скопје
НВО Aрт Студио
од 10-14
мај беше учесник на
годишниот семинар на ЕУнетAРТ
www.eunetart.org
одржан во Цирих во организација на Театарот за драмски
уметности Theater An Der Sihl
www.teaterandersihl.ch.
|
Any usage of the materials on this site without approval of NGO Art Studio is strongly prohibited. Copywright © NGO ArtStudio |