Добредојде !

       Нво Aрт Студио е организација од областа на уметноста основана на идеата да им се овозможи на талентираните млади луѓе едукација во областа на сликарството, графиката, вајарството. а постои расположение и волја да ги вклучиме компјутерскиот дизајн и анимација како рамноправен дел од нашата програма.Со членството на нашата организација во повеќе меѓународни организации нашите членови добиваат шанса да бидат дел од мултикултурната размена како дел од заедничките проекти . Во нашата веб галерија имате можност да се запознаете со амбиентот во студиото, делата изработени од нашите членови, и да научите нешто повеќе за младите анонимни македонски уметници кои заслужуваат многу поголемо внимание во јавноста. Со малку повеке посветеност и внимание веруваме дека уметноста како филантропско движење може да придонесе во напорите во создавање на индивидуи способни за подигнување не само на социјалната свест туку и да постигнување за многу повисоки цели и стандарди во животот. Моралната како и граѓанската одговорност на уметникот(силата на внатрешниот порив) и од друга страна вистинските способности и хуманизмот на на талентираната личност. Соочени со креативните напори младите луѓе во амбиентот на атељето се запознаваат со сопственото културно наследство, како богаство кое треба да се негува и чува за да се овозможи еден идентитет за идните генерации. Свесноста за постоењето на културни разлики во мултиетничко опшество може да изнајде еден сосем пософистициран начин на решавањето на постоечките проблеми на еден многу помирољубив и поцивилизиран пат.


       Чувството за духовните вредности може да биде мотивирано со дружењето и чинот на креација наспроти сите пропаганди наметнати од медиумите како манипулатори на свеста. Сето тоа резултира со губење на допирот со креативните пореби на личноста како една целина. Целта на оваа организација е да отвори еден нов пат кон уметноста, и да внесе една нова димензија во креативноста на луѓето.


       Отворени сме за соработка со сите организации кои пронаоѓаат заеднички интерес со нашата основна цел и програма заради промоција и изведување на заедники арт проекти!


Претседател на НВО „AРТ СТУДИО”
Гапковска Ирена
Дипломиран академски сликар


Any usage of the materials on this site without approval of NGO Art Studio is strongly prohibited.

Copywright © NGO ArtStudio